20 Април, 2024
0.0292

Од менување пелени до богатство: Како една мајка создаде интернационална компанија вредна 20 милиони долари

Објавено во: Стил 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Мајката Даниел Мичелс се борела да ја промени пелената на своето бебе старо само три недели во тоалетот на авион во 2007 година, кога и „светнала“ сјајна идеја...Денес од таа идеја заработува неверојатни суми пари...

Мичелс од Австралија, во 2007 година дошла до сјајна идеја за бизнис врз основа на секојдневни обврски на секој родител и од тоа создала интернационална компанија вредна 20 милиони долари!

Имено, таа смислила „паричник за пелени, односно памперси“!


Практичната торбица со оригинално име содржи влажни марамици за бебе, подлога за преслекување на бебето, два памперси и две комплетчиња за пресоблекување. Тоа била основата за создавање на компанијата која се вика „b.box“ и која Даниел ја покренала со својата најдобра пријателка Моник Филер.

Тие две претходно работеле во корпоративниот свет, но кога станале мајки, сфатиле дека ќе поминуваат многу малку време со децата кога се вратат на работа.

„Знаевме дека животот кој во водевме пред породувањето не е нешто што го сакаме кога добивме деца. Мојот маж тогаш многу работеше и да се вратев и јас на работа никогаш немаше да ги гледам децата. Затоа помислив „ако веќе работам напорно, ќе работам за себе“, рекла Даниел.


Иако немале никакво искуство со работата во бебешката индустрија, Даниел и Моник се одлучиле да се испробаат и да видат што ќе се случи. Секоја вложила по 50 000 долари за да направат прототип на „паричник за памперси“ и сега вртат милиони .

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган