Од полноќ поскапи горива – Ова се новите цени
Објавено во: Економија 11 Декември, 2017
Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за половина денар по литар.
Ова е најновата одлука која регулаторното тело ја донесе денес и истата ќе важи во следните две седмици.
По цена од 66 денари за литар возачите од ноќеска ќе точат еуросупер БС-95 , додека новата цена по која ќе се точи еуросупер БС-98 е 67,5 денари за литар. Еуродизел ќе изнесува 54,5 денари.
Регулаторната комисија за оваа одлука, односно за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати ја посочува причината за растот на просечна цена на суровата нафта за 2,03 отсто на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.