25 Април, 2024
0.0365

Пензиските фондови добија 10 милиони евра од eврообврзници

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Предвремената продажба на евро обврзницата нема да ја намали вредноста на портфолијата на двата пензиски фонда, тврди министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Како што истакна на денешната прес конференција, благодарение на дополнителниот принос на индивидуалните сметки на членовите на вториот пензиски фонд, корисниците ќе добијат повеќе средства на сметките. „Од остварените резултати од продажбата евидентно е дека двата пензиски фонда оствариле капитална добивка од околу 10 милиони евра. Пензиските друштва ќе можат да вложуваат во државни обврзници издадени во Македонија, но не и во еврообврзници кои Република Македонија ги издава на меѓународниот пазар на капитал“, изјави Ристовски пред медиумите. Тој потсети дека пензиските фондови во своето портфолио ги поседуваат двете македонски евро обврзници издадени на странски пазар. Едната македонската обврзница достасува на 8 јануари 2013 и за неа нема потреба од предвремена продажба.  Втората македонска обврзница достасува во декември 2015 година и поради тоа постојните портфолија на пензиските фондови мора да се усогласат до 15 јануари 2013 година. Според Министерот, преку предвремената продажба на евро обврзница нема да се намали вредноста на средствата на пензиските фондови, а резултатите од досегашниот период на функционирање на вториот пензиски столб, покажуваат успех и раст на фондовите и во бројот на членови и во висината на средства со коишто управуваат. Тој информираше дека задолжителните фондови имаат повеќе од  312.000 илјади членови и средства во висина од околу 19 милијарди денари, или околу 310 милиони евра,што претставува околу 3.35% од БДП-то во земјава.  

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди