Од први ќе се плаќа пониска цена за парно
Објавено во: Економија 28 Јули, 2017
1-ви август е датумот кога граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за парно греење.
Регулаторната комисија за енергетика објави дека за корисниците на БЕГ, кој има над 47.000 потрошувачи во градот Скопје, цената ќе поевтини за 3,88 проценти, а ќе се намали и тарифата за ангажирана моќност за 0,18 проценти.Корисниците на ЕЛЕМ-Енергетика пак ќе се соочат незначително поевтино загревање на домовите каде цената на парното ќе се намали за 0,11 проценти.
Корисниците пак кои се приклучени на системот на Скопје Север ќе добиваат пониски сметки за 1,69 отсто.