19 Април, 2024
0.0284

Од трета сопруга до прва дама на Америка: Која е Меланија Трамп?

Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Најголем победник на американските претседателски избори е Меланија Трамп , која од трета сопруга станува прва дама. Со овој духовит и точен опис еден корисник на Твитер го искоментира претстојното вселување во Белата куќа на сопругата на Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД. Наместо враќање на Хилари Клинтон во резиденцијата шеф на САД, на таа вашингтонска адреса од јануари следната година ќе живее поранешната словенeчката  манекенка, родена пред 46 години во Ново Место.

На прашањето каква ќе биде Меланија како претседателска сопруга, одговорот кој го даваат медиумите и јавноста е дека според многу ќе биде исклучок и жена која не се вклупува во постоечките калапи. Пред се, најбогатата Словенка ќе биде прва дама порасната во комунистичко опкружување и дури втора во американската историја родена во странство (после Англичанката Лујза Адамс, сопругата на шестиот претседател на САД Џон Квинси Адамс) и единствена која позирала гола за еден магазин. Сопругата на 45 шеф на САД се издвојува и по тоа што говори пет јазици. Освен англиски и мајчин словенски, во медиумските извештаи се наведува дека знае уште и српски, француски и германски.

„Пред 15 години , додека Доналд Трамп само размислувал за кандидатура, Меланија рекла дека, доколку некогаш стане прва дама, ќе биде многу традиционална како Бети Форд или Џеки Кенеди“.

Сепак, Меланија не е прв модел кој ќе се всели во Белата куќа бидејќи и Пат Никсон и Бети Форд сопругите на Ричард Никсон и Џералд Форд, се занимаваа со истата професија. Нема, исто така ни да биде најмлада, прва дама бидејќи Џеки Кенеди била 15 години помлада кога ја понела оваа титула.

Меланија Трамп, чие моминско презиме е Кнавс, се разликува од своите претходнички во последниот четврт век и по тоа што во изборната година има најмала популарност, покажуваат истражувањата на јавното мислење. Дел од заслугата за тоа сигурно може да им се препише и на испадите во изборната кампања во која се трудела да се држи на страна. Најпрво е откриено дека не дипломирала архитектура и дизајн, со што со години се фалеше во официјалната биографија, туку положила само неколку испити. Потоа дел од нејзиниот говор на собирот на републиканците беше до збор препишан од обраќањето на Мишел Обама на конвенцијата на демократите во 2008 година. Тоа новопечената прва дама на САД тоа го негираше, тврдејќи дека поранешната манекенка користела „вообичаени зборови“ и покрај тоа што видео-снимките покажуваат дека било поинаку. Подоцна нејзината соработничка ја признала грешката и се извини.

„Меланија неодамна изјави дека како прва дама на САД ќе се тргне од политички одлуки и ќе биде посветена во борбата против насилство, посебно она на социјалните мрежи“.

На сопругата на Трамп и го замеруваат и тоа што цврсто ги поддржува антимигрантските ставови на својот маж иако и самата е доселеник. Говорејќи за тоа како би изгледала нејзината улога на прва дама, неодамна изјавила дека ќе се тргне од политички одлуки и ќе биде посветена на борбата против насилство , посебно она на социјалните мрежи. Пред петнаесет години, додека нејзиниот сопруг само размислувал за кандидатура, кажала дека , доколку некогаш стане прва дама, ќе биде многу традицоионална како Бети Форд или Џеки Кенеди.

Светските медиуми оценуваат дека со изборот на нејзиниот 24 години постар сопруг за прв човек на САД, американскиот сон кој Меланија Трамп го живее во последните две децении ќе биде уште подобар. Откако кариерата на модел почнала да ја гради во Милано, на 26 години се преселила во Њу Јорк каде две години подоцна го запознала милијардерот познат по бизнисите со недвижнини. Се венчале во 2005  година и го имаат десетгодишниот син Барон, кој според мајчино признание течно говори словенски јазик. Заслугите за тоа несомено им припаѓаат и на родителите на Меланија, кои живеат во Трамповиот облакодер од 58 ката на Менхетен.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените