19 Април, 2024
0.0240

ПОСЕТАТА НА ОЧНИОТ ДОКТОР МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ЖИВОТОТ

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВИДОТ

Објавено во: Мои пари 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија го одбележа Светскиот ден на видот со спроведување бесплатни лекарски прегледи во Специјалната очна болница „Деница“. На овој начин, велат докторите, се подигнува свеста кај пациентите да се грижат за сопствениот вид и кај општеството да го подобри односот кон приватните болници кои овозможуваат поквалитетни услови за лекување.

„За жал, состојбата со очните болести во Македонија е критична. Проблемот со дијабетесот и моменталните кризи со инсулин, директно, влијаат на очните болести. Глаукомот, исто така, треба да се открива при секојдневни рутински прегледи. Очекуваме да се посвети поголемо внимание на операциите на задниот сегмент на окото и да се почитуваат стандардите согласно Протоколот за операции на катаракта“, рече д-р Наум Трпеноски од „Деница“.


Трпеноски потенцираше дека „Деница“ настојува да реши што е можно поголем број од проблемите со видот кај пациентите во Македонија.

„Очната болница Деница ги исполнува сите услови за простор, кадар и опрема. Во болницата работат 4 лекари, 8 медицински сестри, анестезиолог, фармацевт и административен персонал. Имаме простор кој ги исполнува сите специфични потреби - системи за чист воздух и агрегати за струја. Болницата Деница ги потполнува сите празнини кои постојат во здравството, воведуваме нови стандарди при операција на катаракта, а ќе работиме и со најчуствителните пациенти – децата“, објасни Трпеноски.

Тој побара државата да го воведе ваучер системот за пациентите каде граѓаните ќе може да ги користат услугите на приватното и државното здравство.

Акцијата за одбележување на Светскиот ден на видот помина успешно и од болницата „Деница“ посакуваат и очекуваат да прерасне во традиција.

„Повеќе од 50 пациенти ја искористија денешната можност за бесплатен офталмолошки преглед во болницата каде што констатиравме очни болести кај пациентите како што се катарактата, глаукомот и корекција на рефракциските аномалии“, рече д-р Марина Коваческа Трпеноска.

Според податоците на Светската здравствена организација, 80% од сите оштетувања на видот може да се превенираат и да бидат излечени, а стратегиите за превенција на оштетувања на видот и превенцијата на слепилото се меѓу најевтините инвестиции во здравствената заштита.

Светскиот ден на видот се одбележува секоја година вториот четврток од октомври и е посветен токму на нашето најдрагоцено сетило. Целта на одбележувањето на овој ден е подигнување на јавната свест за слепилото и оштетувањата на видот како главен меѓународен јавен здравствен проблем, влијание врз државните политики со цел поголема соработка и учество во доделувањето средства за национални програми за превенција на видот, како и едукација на граѓаните за можностите за превенција на слепилото.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година