23 Април, 2024
0.0251

Одбележан Денот на шегата 1-ви април

Објавено во: Стил 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Буба Мари, принцези, мачиња, војници.. маскирани во најразлични костуми, деца од повеќе училишта и градинки продефилираа денеска низ плоштадот „Македонија" во Скопје, со што го одбележаа Денот на шегата 1.Април. Детскиот културен центар „Карпош" и Град Скопје организираа забава „Априлијада - Скопје се смее" за децата од сите училишта и градинки од главниот град, каде се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детската смеа. Децата под маски, пееја, свиреа, играа, а забавата продолжи и со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош", „Златно славејче" и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината. Ноќната забава ќе почне од 21 часот на плоштадот „Македонија", каде ќе настапат Роберт Билбилов, Александар Митевски, Симона Поповска, Мустафа Имери, „Ребис" и диџеј Бабура. Раководители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Кирил Поп Христов.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган