ОДЛИЧНА ВЕСТ: Во соседството и сезонците ќе добијат работен стаж
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2017
Луѓето кои сезонски работат на српските ниви ќе добијат и работен стаж.
Газдите ќе бидат обврзани да им плаќаат придонеси.
Целта е со закон да се натераат сопствениците да плаќаат придонеси, а колку тие ќе изнесуваат засега не се знае точно.
Се проценува дека сезонски во земјоделството во Србија работат од 80.000 до 100.000 луѓе.
Целиот процес ќе се одвива преку ваучери, нешто слично на Хрватска.
Газдите ќе купуваат ваучери, ќе ги лепат во книшка секој ден кога работникот е ангажиран. Сличен начин на работа се практикува и во Унгарија.