20 Април, 2024
0.0273

Одлична заработка, може до 50% повеќе

Објавено во: Агробизнис 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Хељда е билка на иднината. За килограм брашно од хељда се плаќаат по 400 динари, а ако се работи за органско производство цената е за 50% повисока. 

Највеќе ја има во сјеничко - пештерската висорамнина, каде Јово Лојаница засадил хељда на 30 хектари. Тој вели дека со помош на државата може да се создаде квалитетно производство кое може да се понуди на европски и светски пазар. 

Јасмина Исовиќ од Сјеница ја сади веќе 10 години, но нема организиран откуп и затоа дел ќе продаде во зрно, а дел завршува во брашно. 

За да го прошири пазарот вели дека е потребен сертификат за органско производство, а за тоа државата не се труди многу. 

Органска хељда дава род од 1000 килограми на хектар, а конвенционалната може да роди три пати повеќе. 

Од лани дел од родот останал, а не се знае што ќе биде годинава. 

„Овде тоа нема кој да го купи и може да го купи Белград, Љубљана, Будимпешта“ - вели Лојаница. 

Цена за конвенционална хељда е од 100 до 120 динари. 

Таа може да се користи како замена за пченица, овес, `рж и јачмен.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари