Зошто Србија го одложи стартот за изградба на „Јужен тек“?
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2013
Изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во Србија треба да почне до крајот на јануари, најави српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ.
Според Бачевиќ, првично најавениот почеток на изградбата е поместен, затоа што се очекува на свеченоста да присуствуват и претставниците на Русија. Тој појасни дека се било подготвено за почетокот на работите и дека првобитниот план за стартот на изградбата на гасоводот на 20 декември 2012 е поместен по барање на „Србијагас“, како оперативен носител на работите.
Србија има удел од 49 отсто во сопственост на 470 километри долгиот гасовод кој минува низ 21 општини, 11 градови и десет региони на Србија, посочи Министерот.