29 Март, 2024
0.0282

ОДЛУКА ВО ВТОРНИК: Предлогот за разрешување на Зврлевски стигна на адреса на Аневски

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На 13 јуни советот на јавни обвинители ќе треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот за разрешување на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Денеска во кабинетот на Петар Аневски стигнал овој предлог по кој ќе треба да се произнесат членовите на советот, а потоа истиот че биде испратен во Собрание.

За Зврлевски, Аневски вели дека е перфектен во работата и нема забелешки.

Како дојде, а како ќе си замине Марко Зврлевски?

21 Јануари 2013 година, во вечерните часови Собранието со 58 гласови “за“ и ниту еден против или воздржан, го избра Марко Зврлевски за нов Јавен обвинител. На оваа позиција дојде од скопското обвинителство, наследувајќи го дотогашниот обвинител Љупчо Шврговски. Четири години подоцна, почнува постапката за разрешување на Зврлевски, со тоа што од страна на Владата предводена од СДСМ е покрената инцијатива. Следни на потег се Советот на јавни обвинители кој треба да испрати мислење до Владата. Обвинителот Зврлевски непосредно по изборот во 2013 година беше регистриран на Ромскиот бал, во друштво на Сашо Мијалков, Никола Грувески и Амди Бајрам, по што не запреа коментарите за негова блискост со доскорешната власт предводена од Вмро-Дпмне. 

Кои случаи останаа “под клуч“ ?

На позицијата државен јавен обвинител, Зврлевски дојде како единствен кандидат што се пријави на огласот. Тогаш на адреса на Владата стаса позитивно мислење од страна Советот на јавни обвинители. 

“Пред претседателот на Собранието на Република Македонија дадов свечена изјава, заклетва дека при вршењето на функцијата јавен обвинител ќе постапувам само согласно Уставот, законот и ратификуваните договори и дека притоа ќе постапувам непристрасно, совесно и стручно. Ваква заклетва имав дадено и во 2009 година и оттогаш наваму се трудев да ги почитувам овие правила и принципи и се надевам дека ќе продолжам во таквото постапување“ -  изјави тогаш назначениот нов државен обвинител  Марко Зврлески.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“