25 Април, 2024
0.0284

Одмазда на македонски начин: Заблудени граѓани во туѓа игра

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

“Дел од невладиниот сектор е под разни форми на притисок кој го трпи со години, а кој доживува кулминација со финансиските инспекции и најавите за „десоросоизација“. Но од новоформираното движење Стоп Операција Сорос очигледно ја потценуваат интелегенцијата на стотиците илјади граѓани кои во изминатите неколку години излегоа на улиците да протестираат. Ги претставуваат граѓаните како заблудени актери во нечија туѓа игра. Станува збор за теории на заговор” - вели за Фактор, Љупчо Петковски од Македонскиот центар за европско образование.

Според него не станува збор за граѓанска иницијатива, туку за акција која е поттикната од владеачката партија преку нејзините истурени играчи, а која има за цел да ги заплаши сите неистомисленици.

“Како е инаку можно Сорос или Фондацијата отворено општество да платила стотици илјади луѓе да се спротивстават на власта, а тоа да помине незабележано од државните органи. Затоа велам дека станува збор за потценување на интелегенцијата на граѓаните со цел вината за сопствената одговорност и неодговорно владеење да се префрли на замислени непријатели”- потенцира Петковски.

Ова  вели e  позната реторика која подолго време се користи, а која со лошиот резултат на власта на изборите само доживува кулминација, па оттука јасно е дека станува збор за продолжение на притисокот кон дел од најгласните граѓански организации во државата. Според Петковски станува збор за кампања на оцрнување која има за цел да се создаде атмосфера на линч, која потоа би се искористила за протуркување на одредени законски решенија со кои работата на невладините организации би се ставила под поголема контрола.

“Целата приказна некако резонира со реториката која Трамп ја користеше во предизборната кампања во САД, а за која нашите конзервативци сонуваат дека би имала импликации врз надворешната политика на САД во регионов. Пораката која ја праќаат е јасна, само потврдуваат дека не разбираат што е либерална демократија, дека противниците и неистомислениците ги сметаат за непријатели, за закана за нивниот идентитет. Но заборавиле на  една голема и битна разлика. Ваква реторика вообичаено се користи од позиција на предизвикување на статус квото. Кај нас, ВМРО-ДПМНЕ е статус квото, тие се на власт веќе една деценија. Така што мислам дека ништо нема да постигнат во смисла на придобивање нови гласачи, на граѓаните им е јасно со кого имаат работа, што покажаа и изборните резултати”- нагласува Петковски.

Новоформираната граѓанска акција  тврди дека Фондацијата ќе  има влијание и кон неконтролираното  пропуштање на мигрантскиот бран од Блискиот Исток  кој според нив се  очекува наредниот период и со тоа сериозно би се  загрозила безбедноста на Македонија. Но според Петковски оваа теза е нон-сенс  аргумент кој нема никаква врска со реалноста. Власта вели   игра на картата на најниските стравови на луѓето.

“Партијата на власт игра  на анти-семитизмот, на идеолошката претстава за фигурата на Сорос, кој е нели и Евреин, и капиталист, и левичар, и комунист, и се. Сите овие епитети кои не одат еден со друг, а во умот на произведувачот на теории на заговор прават смисла, укажуваат дека сите овие приказни имаат многу повеќе врска со чувстава отколку со рационалната логика. Приказната со Сорос и „пропуштањето преку граница“  не ја следи логиката на географијата. На „пропуштањето бегалци“ влијание можат да имаат земјите кои се на рутата. Турција е тука најважна. Елитата во Турција Сорос го смета за закана. Каде е тука логиката?”- прашува Петковски.

Власта како што вели чувствува дека го губи тлото под нозете , па логично е да бара виновници преку обвинувања, омраза и  виктимизација.

“Сето ова укажува на криза, симптом на нашата криза, која се продлабочува. ВМРО-ДПМНЕ има традиција на прибегнување кон обвинувања секокаш кога кога ќе се соочат со нивната политичка слабост. Сетете се на 2011 годиниа, кога последен пат беа силно предизвикани, и на тоа колку жртви земаат на олтарот на нивната слабост. Сега се најслаби во последната деценија. Чувствуваат дека ќе ја изгубат власта. Мора да си најдат виновници. Мора нивните поддржувачи да направат смисла од тоа што се случува. А кога на луѓето со години систематски не им дозволувате да прават смисла на некој порационален начин, тогаш ова е начинот. Доколку случајно успеат да направат влада, пак, мислам дека ќе се обидат со осветничка  кампања да заплашуваат. Но, стравот во Македонија се прекршува”- порачува Љупчо Петковски од МЦЕО.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг