25 Април, 2024
0.0287

ОДМАЗДА: Шпанија подготвува обвинение за со 30-годишна затворска казна

Објавено во: Свет 22 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Главниот обвинител на Шпанија Хозе Мануел Маза подготвува обвинение против лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон за бунт, во случај регионот еднострано да прогласи независност. 

Казната за такво кривично дело е до 30 години затвор, објави Ел Паис. Според дефиницијата во шпанскиот Кривичен законик обвинението за бунт претставува "насилни и јавни" антидржавни активности кои имаат за цел да "укинуваат, суспендираат или изменуваат цел или дел од Уставот на Шпанија" или "да прогласат независност на дел од националната територија". Лидерите на оваа противодржавна активност можат да бидат осудени на од 15 до 25 години затвор, а ако се утврди непослушност, судири со органите на редот, предизвикување на хаос и напади против јавна или приватна сопственост, казната може да достигне до 30 години затвор. Вчера, шпанската влада се состана на вонреден состанок, на кој се очекува да донесе мерки за преземање на контрола врз Каталонија.

По завршувањето на состанокот, премиерот Маријано Рахој ќе објави какви мерки се преземаат. Тие ќе бидат ставени на гласање во Сенатот. Од владата се очекува да објави активирање на членот 155 од шпанскиот устав, кој му дозволува на Мадрид да го суспендира автономниот статус на секоја област ако не ги исполни своите обврски кон државата. Но, Сенатот мора да даде одобрение за оваа мерка пред да стапи во сила. Вчера беше објавено дека владата и главната опозициска партија се согласиле во Каталонија да одржат парламентарни избори во јануари.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек