28 Март, 2024
0.1634

ОДМОР МУ ТРЕБА НА СЕКОЈ: Сега и науката потврди-поради ова одете на море!

Објавено во: Стил 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Мислевте дека летниот одмор е само луксуз за кој мораат да се потрошат многу пари? Размислете подобро, можеби не сте ни свесни колку многу ви е потребен, а тоа го докажуваат и следниве истражувања:

1. За да се заштитите од срцев удар

Едно истражување во кое учествувале околу 13.000 пациенти со проблеми со срцето, покажало дека оние кои редовно одат на годишен одмор имаат за 29% помал ризик од срцев удар.

2. За да си го продолжите животот

Истото истражување покажало дека луѓето кои редовно одат на одмор имаат за 17% намалени шанси за смрт од која било причина.

3. За да се чувствувате посреќни

Холандските научници откриле дека дури и помислата дека можеби ќе одите на патување, ја зголемува вашата целокупна среќа. Едно слично истражување објавено во  магазинот „Psychosomatic Medicine“, покажало дека одморот и другите слични активности водат кон позитивен пристап кон животот и намалување на депресијата.

4. За да го подобрите квалитетот на вашата љубовна врска

Едно истражување направено од „Rural Women’s Health Study“ открило директна корелација помеѓу одморот и односот со партнерот. Колку повеќе време мажот и жената поминуваат надвор од секојдневните активности, толку се посреќни дома. Резултатите од истражувањето особено се однесуваат на понежниот пол: колку повеќе жените поминуваат време надвор од дома, толку ќе бидат позадоволни од брачниот живот.

5. За да бидете попродуктивни на работа

Голем број истражувања направени врз работници покажале дека, одморот е круцијален за ослободување од стресот кој секојдневно се акумулира од работните обврски. Сепак тоа е многу важно за подобрување на целокупната добросостојба и продуктивноста во работата.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи