26 Април, 2024
0.0387

ОДМОРОТ ПОЧНУВА ПРЕД КОМПЈУТЕР: Колку Македонците резервираат летување онлајн

Објавено во: Економија 02 Август, 2017

Добивај вести на Viber

На 17 отсто од Македонците одморот им почнал пред компјутер. Имено толкав процент од македонските граѓани купиле или нарачале хотелско сместување или друг туристички аранжман преку интернет, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика кои се однесуваат за 2016 година.

Иако со овој процент доста заостануваме зад европскиот просек од 49 отсто, сепак и во отсуство на најнови статистички податоци, слободно може да се каже дека сега овој процент сигурно е многу поголем. Македонските граѓани се почесто практикуваат преку интернет да резервираат туристичкото патување, без разлика дали станува збор за одмор во странство или во земјава. Исто така, во прилог на ова оди и податокот дека расте бројот на угостителски и хотелски капацитети кои преку сопствена веб- страница им овозможуваат на клиентите да проверат дали има слободни соби, а потоа и да резервираат и да платат за сместувањето.

Според статиситката, компјутер имаат 83,3 отсто од македонските деловните субјекти кои работат во секторот сместување и сервисни дејности за храна, а поврзани на интернет се 80,9 отсто. Податоците кои се однесуваат на јануари 2016 година покажуваат дека своја веб- страница имаат 43,2 отсто од фирмите што работат во хотелско- угостителскиот сектор, но онлајн нарачка или резервација може да се направи само на 24,5 отсто од нив.

Македонските угостители се свесни за значењето на социјалните медиуми и можноста да допрат до поголем број клиенти преку нив, па затоа дури 61,7 отсто од нив се присутни и ги споделуваат своите активности преку овие мрежи.

- Огромен дел од нашите гости онлајн резервираат сместување. На нашата веб- страница ја имаме комплетната понуда. Гостите може да проверат во кој ден има слободни соби, да изберат која услуга ја сакаат, масажа, фитнес, бања, дали ќе го користат ресторанот и врз основа на тоа да им се пресмета соодветна цена- велат во еден домашен спа- центар.

Се помасовната употреба на електронското плаќање преку интернет предизвика бум на пазарот за онлајн резервации за патувања во светот, а и кај нас. Се проценува дека светскиот пазар за онлајн хотелски резервации вреди повеќе од 100 милијарди долари годишно.

Податоците од Евростат покажуваат големи разлики меѓу земјите- членки на Европската Унија во употребата на интернетот за нарачка или за купување на хотелско сместување и други туристички услуги. Просекот на ниво на 28- те членки на унијата изнесува 49 отсто.

Хотелско сместување или патување преку интернет најмногу резервираат интернет корисниците во Луксембург (73 отсто), Данска (67 отсто) и од Финска (63 отсто).

Во ЕУ, резервацијата за сместување на одмор или патување преку интернет е почеста пракса кај постарите интернет корисници на возраст од 65 до 74 години (49 отсто) отколку кај помладите корисници на возраст од 16 до 24 години (40 отсто).

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија