23 Април, 2024
0.0267

Односите меѓу Германија и Турција достигнаа ново дно

Објавено во: Балкан 01 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Германскиот канцелар Ангела Меркел на 30 август го информирала претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, дека нејзината земја ќе стави вето на идното обновување на договорот за членство на Турција во Царинската унија. Тоа го објави турскиот весник Hurriyet во четвртокот, а во петок европското издание New Europe потврди.

Како одговор на оваа информација, турските власти уапсија двајца нови германски државјани, објави германскиот телевизиски канал ЗДФ. Министерството за надворешни работи на Берлин ги потврди информациите. Така, односот меѓу Турција и најголемата економија во Европската Унија достигна ново дно.

Кризата во односите меѓу Анкара и Берлин доаѓа откако во средината на август турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците во Германија да гласаат против Меркел на претстојните избори, а канцеларката во одговор ги предупреди дека нема да толерира обиди за мешање во нејзината кампања.

Влошувањето на дипломатијата меѓу Германија и Турција се случи токму по претходно уапсениот германски државјани од страна на турските власти под сомневање за тероризам.

 Покрај тоа, владата во Анкара обвини неколку компании, вклучувајќи ги Daimler и BASF дека имаат врски со движењето на проповедникот Фетуллах Гулен, кој е сметан за организатор на неуспешниот обид за воен удар од 2016 година.

Сите овие непријателски активности од турската страна доведоа до преориентирање на Германска надворешна политика. Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека неговата влада веќе не може да ги гарантира германските корпоративни инвестиции во Турција и додаде дека не може да замисли преговори за проширување на царинската унија до Турција. Првиот дипломат на Берлин, исто така, предупреди дека ќе зборува со останатите европски лидери за ревидирање на претпристапните фондови, кои и се нудат на Анкара.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа