Одобрени над 9 милијарди евра помош за Грција
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2013
9,2 милијарди евра помош за Грција ќе одобрат земјите од еврозоната во следните неколку денови откако грчките власти ги исполнија барањата на доверителите.
Траншата од 9,2 милијарди е само дел од помошта од 49 милијарди евра кои претставниците на Европската унија ги одобрија за Грција во декември. Првиот пакет помош од 34 милијарди евра веќе е исплатен.
Како што веќе пренесоа грчките медиуми, одобрувањето на помошта од над 9 милијарди евра е само формалност бидејќи политичката одлука веќе била донесена во декември.
Претходно со 166 гласови „за“ и 123 „против“ грчките пратеници ги усвоија мерките, кои со одлука на владиниот кабинет беа привремено воведени минатата година со цел Грција да може да обезбеди нова поголема помош.