ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА: Најмногу се градело во полошко
Објавено во: Економија 11 Април, 2017
Во февруари 2017 се издадени 363 одобренија за градење што е за 8.4% повеќе во однос на истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во вардарскиот регион се издадени 17 одобренија за градба, во источен 28, во југозападен 33, во југоисточен 43, пелагониски 21, полошки 115, североисточен 10, скопски 96 одобренија.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 369 524 илјади денари што е за 8.5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 265 (73.0%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (6.9%) за објекти од нискоградба и 73 (20.1%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 363 објекти, на 280 (77.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 (22.9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 72 177 м2.