Одземен му е пасошот на Едмонд Темелко, ќе мора да се јавува во суд
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2017
Aпелација ја одби жалбата на обвинетиот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко и одлучи да му се одземе пасошот.
Tој еднаш неделно ќе треба да се јавува во судот. Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО за сторени изборни измами.
Својата одлука судот ја темели на на околностите затоа што обвинетиот има оформено семејство, женет е и е татко на две деца. Воедно Темелко е член на совет на округ Албанија и градоначалник на општина Пустец.