Одземени 230 милиони евра од италијанската мафија
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2012
Во 3 одделни акции во Палермо полицијата уапси 41 член на сицилијанската мафија Коза Ностра. Тие се осомничени за учество во рекетирање, шверц со дрога, незаконско поседување на оружје и други криминални дела. Во Торино пак уапсени се 22 наводни члена на наполитанската Ндрангета, криминална група од јужната област Калабрија, која оперира и во северна Италија.
Во Реџо ди Калабрија, главниот град на областа Калабрија, даночната полиција денеска конфискува активи за 230 милиони евра, вклучувајќи ги контролните пакет акции во два познати хотела и локалниот кошаркарски клуб. Одземените активи биле во сопственост на двајца бизнисмени, уапсени минатата година под сомнение дека се поврзани со мафијата. Се претпоставува дека тие учествувале и во перењето на пари од име на Доменико Кондело, шеф на Ндрангета, кој беше притворен овој месец, по неговото 20-годишно криење.