16 Април, 2024
0.0228

Оф шор ликс ја тресе земјава, Македонците со сметки на Кипар се во нотесот на словенечки новинар!

Објавено во: Финансии 07 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Оф шор ликс ќе ги прикаже имињата и на македонски граѓани – даночни претстапници кои своето огромно богатство го кријат на тајни банкарски сметки во странство. Словенечкиот новинар Блаж Згага кој работеше на откривањето на овој банкарскиот викиликс за националната хрватската телевизија вчера изјави дека во оваа голема афера која го тресе целиот свет се вклучени и бизнисмени од поранешна Југославија, вклучувајќи ја тука и Македонија. „Можам да потврдам дека има личности од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, значи речиси од сите поранешни југословенски републики. Но, за ова детално ќе објавиме во наредните недели кога ќе ја завршиме целата истрага. Точно е има навистина познати личности и интересно е што некои од тие личности веќе соработувале прекугранично и мислам дека тоа ќе биде навистина интересен дел од истрагата“, изјави словенечкиот новинар Блаж Згага, за Хрватска телевизија.  Гувернерот на НБРМ Богов нема да биде изненаден ако во оваа афера се откријат и македонци Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека не би бил изненаден доколку во оваа афера се појави и некој македонски богаташ, бизнисмен или политичар. „Иако македонските граѓани и фирми согласно законот за девизно работење немаат право да имаат банкарски сметки во странство, вклучително и на британските Девствени острови, сепак можно е да има прекршители на законот“, изјави Богов.  . Аферата банкарски Викиликс го стресе целиот свет Лондонскиот весник „Гардијан“ неодамна ја пренeсе веста за милиони меѓународни документи кои излегоа од светската офшор-финансиска индустрија откривајќи го првпат идентитетот на илјадници сопственици на тајно богатство од целиот свет. Истрагата идентификуваше  цела плејада владини функционери и богати фамилии од целиот свет, од Kанада, САД, Индија, Пакистан, Индонезија, Иран, Kина, Тајланд и од екскомунистичките држави, вклучително и СФРЈ. На листата на даночни престапници се наоѓаат  Михаил Фридман - руски олигарх, Има Маркус, гувернерка на филипинската провинција Илокос Норте и најстара ќерка на бившиот диктатор Фердинанд Маркос. Тука се и Лејла и Арза Алиеви, ќерки на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, потоа претседателот на парламентот на Монголија, Бајартсорт Сангајав, па шпанската бароница и уметничка - колекционерка Кармен Сервера, а германскиот весник „Шпигел  наведува дека „грчките сопственици на офшор фирми, вкупно 107, потекнуваат од сите слоеви на општеството, од жителите на најбогатите атински квартови, па се до оние кои живеат во оддалечените села на северот од земјата. Каде се се крие незаконски стекнатото богатство Околу 2,5 милиони фајлови ги открија тајните на повеќе од 120.000 вакви компании и групации откривајќи тајни зделки на политичари, измамници и на богаташи од целиот свет. Тајните документи ги обелоденуваат имињата  на компаниите во Британските Девствени Острови, Kуковите Острови и во други офшор-прибежишта. Брисел веќе им препопрача на своите членки да ги идентификуваат и да ги стават на црн список местата кои важат за даночен рај.  Се проценува дека на офшор сметките луѓето кријат над 20 билијарди долари. И.М.

Можеби ќе ве интересира

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?