ОГЛАС: Чекам за здравствена книшка, дневница 1.000 динари
Објавено во: Финансии 30 Декември, 2016
Чекањето во ред како работа повторно се враќа во мода, само што сега наместо во странски амбасади се чека во српскиот фонд за здравство.
Откако старите се заменуваат со нови книшки, има многу гужва, се чека долго и не е чудо ако некој на последен ден од оваа година плати за некој друг да чека наместо него.
Веќе се ангажираат луѓе кои би ја завршиле оваа работа, и такви огласи има.
Може да чекаат од 30 минути до 5 часа, а дневницата е 1000 динари.
Интерес има од двете страни, и од оние кои не сакаат да чекаат во ред и од оние кои се нудат за дневница да ја завршат оваа работа.