25 Април, 2024
0.0268

Оглас за земјиште под закуп за лозови и овошни насади

Објавено во: Агробизнис 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави оглас за издавање под закуп на државно земјоделското земјиште, наменето за подигање долгогодишни насади со лозја, овошни насади и хмељ. Земјиштето се издава под закуп во периоид до 30 години. Се работи за земјоделски површини во Никодин прилепско, Сараќино тетовско, Владимирово беровско и во неготинско Барово. Понудите можат да се достават до министерството во текот на следните две недели. Најниска цена за годишна закупнина по хектар во прилепскиот регионот е 4.300 денари, во тетовско 10.700 денари, 2.700 денари за беровскиот регион и за регионот Неготино 6.800 денари. Право на учество на огласот имаат сите домашни правни и физички лица, и странски правни лица. Условот за земјоделците е да се регистрани како вршители на земјоделска дејност и запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се регистрирани како трговец поединец. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. Големината на земјоделската површина што еден земјоделц може да ја добие на огласот, ќе се утврди врз основа на неколку критериуми согласно Законот за земјоделско земјиште. На огласот немаат право да конкурираат земјоделците и агробизнисмените кои не ги подмириле обврските по основ на закупнина за користење на земјоделско земјиште во државна сопственост, за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади