Охрид блескаво го дочека Христовото воскресение
Објавено во: Македонија 16 Април, 2017
За најголемиот христијански празник Охрид блесна во полн сјај како одличен туристички центар, особено со својот голем број на цркви и манастари, повеќето од нив стари со векови, што доволна атракција како за домашните така и за странските верници.
Централната богослужба каде имаше најголем број на верници беше во храмот Свети Пантелејмон – Плаошник, па на полноќ пред собраниот народ беше искажанот Христос Воскресна.
Охрид за време на продолжениот викенд е полн со туристи од Македонија, но и од странство. За време на дочекот на најрадосната вест за Христовото Воскресение, имаше засилено полициско присуство околу верските објекти.
Фото: makfax.com.mk