Добивај вести на Viber
Петнаесет илјади аранжмани и осум чартер летови Виена-Охрид се продадени за идната пролет, соопшти туристичката агенција „МакСан-Травел“ за време на туристичкиот саем на тур-оператори во Виена. Како што посочуваат од агенцијата, оваа бројка е за три пати повеќе од реализираното оваа година.
Македонија е вклучена во каталозите на австриската компанија „Клуг туристик ГмбХ“. Сопственикот на компанијата го информираше дека на таков чекор се одлучил следејќи го интересот на австриските туристи и позитивните искуства на „Мак Сан Травел“. Туристичкиот саем во Виена е отворен само за деловни партнери, хотелиери и тур-оператори.