24 Април, 2024
0.0291

Oхридска банка Сосиете Женерал прогласена за “Најдобра банка во Македонија за 2017г.“ од светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance), публикација на Светска Банка од Вашингтон, ја објави листата на добитници на престижната награда “Најдобра банка за 2017 година” во регионот на Централна и Источна Европа.

Втора година по ред, Охридска банка Сосиете Женерал е единствената банка од Македонија носител на признанието “Најдобра банка во Македонија”, овојпат за 2017 година, која според уредничкиот oдбор на магазинот, еминентните аналитичари од областа и извршни директори во индустријата, покажува најдобри резултати при евалуација на објективни и субјективни критериуми за анализа.

Како објективни критериуми при анализата предвид се земаат: раст на активата, профитабилност, географска покриеност, стратешки партнерства, нов бизнис развој и иновативни производи; додека како субјективни се мислењата и ставовите на кредитни и банкарски аналитичари од индустријата. Со цел да ја зголеми точноста и релевантноста на податоците, Глобал Фајнанс спроведува и анкета меѓу своите читатели, со што дополнително го потврдува кредибилитетот на призанието.

Оваа награда е навистина значајна за Охридска банка Сосиете Женерал. Не само што е потврда за нашата напорна работа и добрите финансиски резултати, но истовремено е и уште една потврда дека успехот кој го постигнавме минатата година не е случаен. По тројната круна од „Global Finance“, „Euromoney“ и „Thebanker” во 2016 година, оваа награда е уште еден доказ за континуираниот раст на банката и нејзината позиција како сигурен финансиски партнер на компаниите и населението. Горди сме што сме значаен учесник во целокупната економија во земјата и нејзиниот одржлив развој. Ние сме банка која постојано расте и успешно поставува нови стандарди во банкарскиот систем во Република Македонија.

И оваа реномирана награда за „Најдобра банка во Македонија“ за 2017 ја посветуваме на сите наши клиенти, чиј број постојано расте и денес достигнува повеќе од 75.000, како и на сите наши вработени, чија напорна работа и посветеност носи успеси за сите нас.“ изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Оваа година, признанијата беа доделени на 22 банки во 22 држави во Централна и Источна Европа. Целта на Наградите за Најдобра банка е препознавање на финансиските  институции кои покажуваат  натпросечни напори во испорачување  на производи и услуги кои ги пресретнуваат уникатните потреби на клиентите, се вели во изјавата на Јосеф Д. Гиарапуто, издавачот и директор на Глобал Фајнанс магазинот.

Глобал Фајнанс е основан 1987 година и денес има огромен тираж и читатели во 192 земји ширум светот и тоа претседатели на групации, главни извршни директори, главни финансови директори и финансиски експерти. Веб страната на магазинот (GFMag.com) изобилува со анализи и написи кои претставуваат ризница на 30 годишно искуство на интернационални финансиски пазари и претставуваат вреден извор на релевантни податоци за 192 земји. Седиштето на Глобал Фајнанс се наоѓа во Њуjорк, а има канцеларии и во Лондон и во Милано.

Наградата на Охридска банка Сосиете Женерал за најдобра банка од Македонија на пазарите од Централна и Источна Европа ќе и биде доделена на свечена церемонија на 14 октомври 2017 година во рамките на годишното собрание на ИМФ/Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка