18 Декември, 2017
0.5304
    ALK 7300    -0.06%     GRNT 766.8    0.58%     KMB 2705.47    0.2%     MPT 27000    0%     OHB 4800    0.67%     PPIV 38000    0%     RZLV 44    -2.22%     RZUS 107    -0.82%     STIL 128.98    1.56%     TPLF 1489.75    -0.68%     TTK 839    1.25%     UNI 1870    0%     USJE 23500    2.17%     ZILU 155    2.65%

Охридското езеро се пориби со сто илјади единки охридска пастрмка

Објавено во: Агробизнис 28 Септември, 2017

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во Охрид, заеднички со Хидробиолошкиот завод и со Државниот инспекторат за земјоделство, учествуваше во порибување на Охридското езеро со 100.000 единки подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка.

Оваа количина е дел од вкупно планираните 2.500.000 единки за цело езеро. Активноста започна на 11-ти овој месец и континуирано ќе се спроведува до првата половина на октомври. Пастрмката е на возраст од 6 до 9 месеци, со тежина од три грама и должина до седум сантиметри.

Станува збор за редовна активност согласно Законот за рибарство и аквакултура, со кои државата е задолжена за порибување на рибoловните води врз основа на риболовната основа изготвена од надлежните овластени институции.

За оваа активност во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата се предвидени средства во износ од 10 милиони денари. За изведување на вештачкиот мрест и порибување на езерото, министерството склучи договор со ЈНУ Хидробилошки завод од Охрид и со Институтот за сточарство при УКИМ– мрестилиштето Шум од Струга.

Паралелно со активностите што се спроведуваат во однос на порибувањето од македонска страна, порибувања се вршат и на албанската страна на езерото.

Потребната количина на порибителен материјал за изведување на порибувањето е утврдена во риболовната основа за Охридско Езеро, во која е предвидено порибувањето на Охридското Езеро за периодот 2017 – 2022 година да се врши со 2.000.000 единки од охридска пастрмка секоја година. Риболовните основи се стручни студии за начинот на стопанисување во риболовните води и со нив е одредено со колку единки треба да се пориби одредена риболовна вода. Но, секогаш доколку во одредена вода се случи некоја промена, постои можност за ревизија на истата.

МЗШВ согласно законот, континуирано врши  прибување на отворените риболовни води. Токму затоа во годишните Програми за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, се предвидени мерки и се обезбедени финансиски средства за изведување на вештачки мрест и порибување на риболовните води. Акцентот е ставен на порибувањето на природните езера, а особено на Охридското Езеро,  заради зачувување на ендемскиот вид на Охридската Пастрмка.

Вкупната финансиска поддршка за годинешната Програма за рибарство и аквакултура изнесува 90 милиони денари.

Во фаза на подготовка е Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година и секако и за наредната година ќе се предвидат финансиски средства за обезбедување на потребните количини квалитетен и здрав подмладок од охридска пастрмка, за што Владата на Република Македонија ќе ги обезбеди потребните финансиски средства.

Инаку, во периодот 2005-2016 година Охридскиот и Струшкиот дел на езерото  вкупно се порибени со над 20 милиони единки подмладок од Охридска пастрмка со просечна возраст од 6-9 месеци, за што се исплатени вкупно средства во износ од околу 61 милиони денари.

Во насока на заштита и одржување на рибниот фонд, како и заради планско експлоатирање на рибите, а во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, рибите од риболовните води од Охридското езеро се доделени на концесија.

Со оглед на тоа дека концесијата за вршење стопански риболов на сегашниот концесионер за Охридско езеро, истекува наредната година, на почетокот на 2018 година е предвидено започнување на постапка за доделување на нова концесија за наредниот шест годишен период.

МЗШВ континуирано ќе презема мерки за одржување и зголемување на рибниот фонд, во соработка на науката односно Хидробилошкиот завод и Институтот за сточарство при УКИМ. А улогата на  Државниот инспекторат за земјоделство е редовниот инспекциски надзор над спроведување на концесијата. Честите инспекциските контроли придонесуваат за заштита и оневозможување на евентуална злоупотреба на рибниот фонд. 

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОДЕЛСКИ РАЗВОЈ ВО ХАРМОНИЧЕН ОДНОС СО ПРИРОДАТА

ЗЕМЈОДЕЛСКИ РАЗВОЈ ВО ХАРМОНИЧЕН ОДНОС СО ПРИРОДАТА

OДЛИЧНА ИДЕЈА ЗА ЗАРАБОТКА: Расте и на сонце и во зима, и е доста скапа

OДЛИЧНА ИДЕЈА ЗА ЗАРАБОТКА: Расте и на сонце и во зима, и е доста скапа

Не сте свесни колку пари можете да заработите од овие две овошки

Не сте свесни колку пари можете да заработите од овие две овошки

Министерот Николовски и DGAgri согласни- итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенцијата

Министерот Николовски и DGAgri согласни- итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенцијата