29 Март, 2024
0.0254

„ОИЛКО“ стартува на берза, ќе се раздвижи ли пазарот на хартии од вредност?

Објавено во: Финансии 15 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Од утре на Берзата ќе се тргува и со акциите на „Оилко“ фирма за дистрибуција на нафтени деривати, основана од Макпетрол, дознава ФАКТОР од брокерски извори. Во „Оилко“над 5% од акциите поседуваат Андреја Јосифовски, првиот човек на Макпетрол(14,94%) и Макпетрол (35,61%), а уште 57 домашни физички лица имаат акции од фирмата. На сајтот на „Оилко“ пишува дека е командитно друштво со акции за транспорт, основано на 18.01.2007 год. Основач и најголем акционер во Друштвото е *Макпетрол* А.Д. Основна дејност на „Оилко“ е транспорт и дистрибуција на нафтени деривати. “Фирмата поседува сопствена автобаза лоцирана во село Миладиновци во близината на Скопје. Истата е изградена според сите безбедносни и еколошки прописи што се однесуваат на стационирање на возила што транспортираат опасни материи. Бројот на возила во возниот парк, високото ниво на техничка опременост на возилата, исполнувањето на сите законски барања, како и добиените Лиценци за вршење на јавен превоз на опасни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, го поставуваат ОИЛКО на лидерската позиција во Република Македонија и во поширокиот регион“ пишува во личната карта на компанијата. Во својот возен парк „Оилко“ како што објаснуваат од компанијата на нивната веб страна има 89 возила со кои се врши транспорт на светли деривати (бензински и дизел горива), транспорт на темни деривати (мазут и битумен), транспорт на компримиран природен гас (метан), транспорт на ТНГ или течен нафтен гас и 36 вагони за транспорт на светли деривати.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап