Добивај вести на Viber
Велика Британија стравува од напливот на Бугари и Романци кои се очекуваат во земјата после најавата за укинување на сегашната рестрикција за доселување.
Граѓаните на овие балкански земји се уште не може слободно да се населуваат во Велика Британија и да бараат и да добиваат работа, како што тоа го можат луѓето од сите други земји членки на ЕУ од Источна Европа, по нивното влегување во Унијата, на 1 мај 2004 година. Владата во Лондон, уште во 2005 година донесе рестрикциони мерки за државјаните на Бугарија и Романија, уште овие две земји да станат членки на ЕУ, на 1 јануари 2007 година.
За носителите на романски и бугарски пасоши, се уште не важат европските прописи за населување, па тие во Велика Британија може да се вработуваат само во аграрот и во прехранбената индустрија или како туристи и граѓани на ЕУ да влегуваат и слободно да престојуваат.
Претставник на британскиот Хоум Офис изјави дека министерството засега нема вакви калкулации и објасни дека цел на Владата и на имиграционите власти е намалување, а не зголемување на миграцијата во земјата.