29 Март, 2024
0.0258

ОКТА донира едукативни сообраќајни полигони како дел од кампањата „Јас внимавам“

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Во основното училиште Гоце Делчев во Општина Центар е поставен едукативен сообраќаен полигон, донација од компанијата ОКТА, како дел од активностите накампањата „Јас внимавам“, наменета за подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот. На овие полигони учениците ќе може да се запознаат со основните сообраќајни принципи и да учат за правилно однесување во сообраќајот.

„Јас внимавам“ е национална кампања создадена со поддршка на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, чија цел е да делува едукативно и со тоа да помогне во постигнување позначителни резултати во подобрување на сообраќајната безбедност и култура во земјата. Кампањата, секој месец со различни активности ќе го посвети на некои од најчестите сообраќајни проблеми, како возење под дејство на алкохол, неопходноста од користење заштитни шлемови за мотоциклистите и сигурносен појас за возачите на автомобил, возење и зборување на мобилен телефон, возење со препорачана брзина на патот, користење на детско седиште и соодветна зимска опрема. Преку активностите, кај возрасните ќе се буди свеста и чувството за одговорност, а најмладите ќе се едуцираат преку театарска претстава, боенки и едукативни сообраќајни полигони. Покрај ОУ Гоце Делчев, месецов ваков полигон ќе биде поставен и во ОУ Ј.Х. Песталоци, а до крајот на годината ќе добијат повеќе училишта ширум земјата.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија