19 Април, 2024
0.3335

ОКТА донираше топла зимскa облека за повеќе од 300 деца

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Повеќе од 300 деца од посебните училишта  Иднина и Д-р Златан Сремец добија на подарок зимскa облека од компанијата ОКТА.   Новогодишните и божиќните празници со својата претпразнична еуфорија беа инспирација ОКТА повторно да биде заедно со своите штитениците од посебните училишта  Иднина и Д-р Златан Сремец на предновогодишно заедничко дружење. „Новогодишните празници се ближат, а со нив оживува и легендата за Дедо Мраз и желбата да ги израдуваме најмладите со новогодишни подароци. Подарените зимски блузони се навистина нешто неопходно и потребно. Но она што е навистина скапоцено за нив е нашата посета и вниманието. Овие дечиња се со навистина скромни желби, тие посакуваат само топла насмевка и малку среќа, а за возврат ни враќаат со безусловна љубов.“, изјави Радојка Хелман Денковска, менаџер во секторот за корпоративна општествена одговорност во ОКТА. ОКТА е наш долгогодишен пријател, и со своите предновогодишни посети на децата им ја разубавува предноновогодишната еуфорија. Бескрајно сме им благодарни за посветеноста и за покажаната грижа кон овие дечиња со посебни потреби, а благодарение на нив сега имаме топла облека за студената зима, но и топлина во срцето заради верното пријателство“, изјави Мери Стојкова директорка на ПОУ Д-р Златан Сремец. Рафинеријата ОКТА веќе шеста година по ред, во консултации со наставниот кадар од овие две установи, во предновогодишните празници ги посетува своите штитеници во посебните основни училишта и дава вредни донации за децата.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година