20 Април, 2024
0.0260

ОКТА го одбележа Светскиот ден за борба против гладот со донација

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Вработените на ОКТА преку колективно, доброволно откажување од сопствениот оброк и донирање на средствата, го одбележаа Светскиот ден за борба против гладот. Со откажување од дневниот купон за храна, собрани се парични средства со кои се набавени прехранбени продукти за социјално загрозени семејства во руралните средини во државата. Повеќе од 100 семејни пакети со храна преку Црвениот Крст на град Скопје ќе бидат доставени до семејствата и граѓаните на кои им е потребна помош. Донаторската акција беше проширена и со крводарителска организирана во рамки на компанијата, преку која вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

Вработените на ОКТА со овие донаторски и хумани иницијативи секоја година го одбележуваат Светскиот ден за борба против гладот и со конкретни чекори се солидаризираат со оние што се наоѓаат во неповолна социјална состојба. Традиционалната акција, иницирана од самите вработени, а спроведена од Црвениот Крст во рамките на ОКТА, е во согласност со општествено одговорната ангажираност на компанијата. Колективната компаниска заложба за борба против гладот е само еден дел од честите донаторски активности на ОКТА заедно со своите вработени.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!