19 Април, 2024
0.0332

Феноменот на пивскиот фестивал ги поби сите економски теории

Октоберфест им создава главоболки на економистите уште пред да започне

Објавено во: Анализа, Свет 16 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Економистите кои ја набљудуваат инфлацијата во Германија во последните три години, може да се замислат кога ќе го порачаат првото пиво на Октоберфест во Минхен овој викенд, пренесува Блумберг.

На 206-годишниот фестивал, кој почнува оваа сабота, откако градоначалникот на градот ја отвори првата кригла со традиционалниот извик "O zapf's" ( „Нека се лее“.), ќе се продаваат еднолитрови чаши со просечна цена од 10,54 евра, што е за 3% повеќе во однос на минатата година.

Според економистите на „UniCredit“ вкупните трошоци за посета на Октоберфест, познат меѓу локалните како „Wiesn“, ќе бидат дури и поголеми, главно поради порастот на цената на традиционалното печено пилешко. Тоа е малку комплексен феномен, со оглед дека цената на живината во Германија е намалена во последните две години.

Прикажаните зголемувања во графиконите се далеку над тековната инфлација. Еднолитровите чаши пиво се повеќе од двојно поскапи денес отколку што беа во 1985 година, кога една кригла чинела 6,1 германски марки. Германските кориснички цени се зголемија за 69,7% оттогаш.


И иако економската теорија претпоставува дека такво драстично зголемување ќе ги натера потрошувачите да купуваат помалку, економистите на „UniCredit“ објаснуваат дека тука важи „Парадоксот на Гифон“, односно исклучок од вкупниот закон на побарувачката. Всушност пивото е производ кој се троши повеќе кога цената се зголемува.

Претходните истражувања покажуваат дека сиромашните кинески домаќинства консумираат повеќе ориз, кога неговата цена се покачува, главно поради поскапите супститути како месо, кои веќе не се достапни. Во случајот со Октоберфест потрошувачката на пиво се зголемува, бидејќи замена на фестивалот недостасува и корисниците треба да го консумираат она што им се дава.

Друг фактор може да биде зголемувањето на платите. „Дури растот на реалната плата сеуште не е доволен за да се компензира зголемувањето на цената на пивото“, тврдат истражувачите од „UniCredit“. А однесувањето на потрошувачите останува малку збунувачки.

Во исто време посетителите на Октоберфест немаат многу алтернативи. Додека над 1.300 пиварници во цела Германија нудат исклучително различни пива, изборот во Минхен е строго ограничен. Пива од само шест пиварници, меѓу кои Augustiner, Hacker Pschorr и Paulaner, можат да бидат пробани на Фестот.

На крајот зголемените цени на годишниот Пивски настан не се очекува да влијаат на прогнозите за ниска инфлација во Германија и еврозоната. Цената на пивото треба да се утрои, ако сите други цени останат исти, за да се постигне целната инфлација од 2% на Европската централна банка (ЕЦБ).

А бидејќи цената на пивото во Германија се зголемува со 42% од 1991 година, се уште има каде да се оди.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!