28 Март, 2024
0.0253

Оланд контра Камерон, Меркел воздржана: Расправа за новиот седумгодишен европски буџет

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Расправата околу седумгодишниот буџет на Европската Унија ги разгоре проблемите меѓу најголемите европски економии  во пресрет на дводневниот Самит на Европскиот совет во Брисел. Од страна на претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, неколкупати бече презакажуван почетокот на Семитот со цел низ билатерални средби со европските лидери да се усогласат ставовите. Сепак Франција и Велика Британија изнесоа целосно различни предлози. „Франција секогаш е свесна дека е потребно штедење. Но, во исто време ние не треба да ја ослабиме економијата. Јас сум дојден тука за да постигнеме договор и треба да видиме дали е тоа можно. Ако постојат некои што се неразумни, ќе се обидам да ги разубедам, но до одреден степен. Ако Европа треба да се откаже од заедничката политика, да му нанесе штета на земјоделството и го игнорира економскиот раст и ако има договор за такво нешто, јас ќе бидам против,“ истакна францускиот претседател Франсоа Оланд. На ова се спротивстави британскиот премиер Дејвид Камерон кој инсистира на намалување на буџетската рамка. „Она што ние ќе го договараме овде е колку ќе и биде дозволено на Европската унија да троши во следните седум години. Искрено, ниту Унијата не треба да биде имуна на притисоците што сите ги имаме за намалување на трошоците и мора да најде начин да троши ефикасно и мудро. Сето тоа треба да се стори во цела Европа. Кога бевме собрани по истиот повод овде во ноември минатата година, бројките што беа изнесени беа премногу високи. Тие мора да се намалат оти ако тоа не биде сторено, нема да има договор ниту овие два дена“, изјави Камерон. Според последните предлози на Ван Ромпуј, новиот седумгодишен буџет на ЕУ треба да изнесува 972 милијарди евра, што изнесува 1,01 проценти од бруто домашниор производ (БДП) во Европската унија. Ако овде се вметнат и вонбуџетските програми, сумата во предлог-буџетот расте до 1,011 билиони евра, што е за 80 милијарди помалку од предлогот на Европската комисија. Сега се очекува првиот човек на Советот да го намали буџетот за уште 20 до 30 милијарди евра, што пак е неприфатливо за Европскиот парламент. Германската канцеларка Ангела Меркел остана воздржана. „Се среќаваме денес и утре во Брисел со цел да постигнеме договор за Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) што потоа ќе му ја предложиме на Европскиот парламент. Дали ќе се договориме, засега не сум сигурна оти се уште има различни мислења. Од германска гледна точка, јас велам дека ќе сториме се за да дојде до договор, бидејќи сегашната финансиска несигурност и невработеност значат дека планирањето е многу важно и мора да бидеме внимателни со трошоците и да се обезбеди солидарност меѓу нето-придонесувачите и земјите што добиваат. Се надевам дека ќе најдеме заедничко решение“, посочи Меркел.

Можеби ќе ве интересира

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин