ОМД: Нимиц има бизнис во Грција
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018
Обединета македонска дијапора повторно го прозва медијаторот Метју Нимиц назначен од Обединетите нации за спорот за името меѓу Македонија и Грција дека има конфликт на интереси и дека треба да биде разрешен или да се повлече.
Според ОМД фирмата „Џенерал Атлантик“ во која Метју Нимиц во 2005-та беше главен оперативен директор, во Данска банка која има своја подружница во Грција, инвестирала 127 милиони евра.
Ова е класичен пример на судир на интереси на Нимиц, кој е медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција, и се доведува во прашање неговата независност и непристрасност, велат од ОМД.
Оттаму јавно го прашуваат Нимиц, дали тоа го пријавил во етичката канцеларија на Обединетите нации, имал ли личен профит од зделката и дали смета дека бизнис интересите влијаат на неговата работа како медијатор.