24 Април, 2024
0.0247

Омилените книги на славните и богатите

Објавено во: Стил 05 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Дали знаете која е омилената книга на Мадона? Или можеби ве интересира што сака да чита актуелниот американски претседател Барак Обама? Омилените книги на славните личности Бил Клинтон Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, вели дека ги обожава популарните трилери и мистерии, но неговата омилена книга повеќе се поврзува со траумата и злоупотребата. Омилена книга: „Знам зошто пее птицата во кафез“ од Маја Ангелоу Бен Афлек Популарниот актер Бен Афлек кој важи за човек од ренесансата на филмската индустрија, за себе вели дека обожава да чита книги, а доказ за тоа е и Оскарот кој го освои за најдобро оригинално сценарио. Омилена книга: „Шахот на шаховите“ од Ришарт КапушчинскиОмилените книги на славните личности Барак Обама Претседателот на САД, Барак Обама, беше најпродаван автор пред да ја започне својата претседателска кариера. Иако тој и неговите ќерки напишале писмо до писателот Јан Мартел во кое ја изразиле нивната благодарност за книгата на Мартел, „Животот на Пи“, оваа книга сепак не е неговата омилена. Омилена книга: „Самоувереност: Мудроста на Ралф Валдо Емерсон како инспирација за секојдневниот живот“ од Ричард Велан Мишел Обама Првата дама на САД, Мишел Обама, својата омилена книга ја опишува како книга која ја прочитала од првата до последната страна за само еден ден, не затоа што некој ја натерал, туку затоа што книгата била навистина добра. Омилена книга: „Песна над песните“ позната уште како „Песната на Соломон“ од Тони Морисон Кејт Мидлтон Иако важи за голем обожавател на британската литература, Војвотката од Кембриџ ја фаворизира работата на една канадска писателка од почетокот на 20-от век. Омилена книга: „Ана од зелените покриви“ од Луси МонтгомериОмилените книги на славните личности Гвинет Палтроу Гвинет Палтроу Позната е како страстен читател на книги, и вели дека првата книга која ја има прочитано е всушност нејзината омилена книга. Ја читала заедно со нејзината мајка, кога имала само 10 години. Омилена книга: „Џејн Ер“ од Шарлот Бронте Доналд Трамп Магнатот за недвижности и еден од најуспешните бизнисмени, Доналд Трамп, повеќе би сакал да чита практични водичи, отколку светски класици. Омилена книга: „Моќта на позитивното размислување“ од Норман Винсент Пил Мадона Сознанието за омилената книга на Мадона било сосема случајно, кога еден нејзин пријател ги постирал насловот и авторот на книгата на нејзиниот блог. Омилена книга: „Сопругата на патникот низ времето“ од Одри Нифенгер Натали Портман Според Натали Портман, која ги заврши студиите по психологија на Универзитетот Харвард во 2003 година, најдобрата психологија е во литературата. За неа е полесно да го разбере ликот отколку теоријата. Омилена книга: „Министерство за посебни случаи“ од Артур Мореј

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган