25 Април, 2024
0.0274

ОН: До 2015-та, сиромаштијата ќе биде преполовена!

Објавено во: Свет 14 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Според последниот извештај на Програмата на ОН за развој, до 2030 година во Азиско-тихоокеанскиот регион ќе живеат две третини од средната класа во светот бидејќи е надмната сиромаштија на стотици милиони луѓе во земјите во развој.

Во документот  „Извештај за човековиот развој“, што опфаќа над 40 земји во развој, се наведува дека образованието, борбата против сиромаштијата и учеството во светската економија се главни фактори за брзиот економски раст во земјите од Источна Азија, како Кина, Индонезија, Тајланд, Малезија и Виетнам. Притоа први на Индексот на човековиот развој на ОН се Норвешка, Австралија и САД, а последни се Мозамбик, Конго и Нигер.

Иако се забележува дека милијарди луѓе, кои влегуваат во средната класа во светот, бележат зајакнување на социјалната и глобалната поврзаност, сепак нивото на приходите во земјите во развој се многу помали од нивото на приходите во богатите земји во Европа и Северна Америка. ОН нагласуваат дека е остварена својата цел до 2015 година за половина да биде намалена сиромаштијата, дефинирана како живот со помалку од 1,25 долари на ден. Во извештајот се истакнува дека Кина и Индија успеале да ги дуплираат приходите по глава на жител во изминатите две децении. До 2020 година вкупниот БДП-то на Кина, Индија и Бразил ќе го надмине вкупниот БДП на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада.

Економскиот раст изминатите децении директно влијаел врз намалувањето на сиромаштијата од 43 проценти во 1990 година на 22 проценти во 2008 година, стои во Извештајот.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина