ОН не смеат да толерираат даночни раеви
Објавено во: Економија, Свет 24 Октомври, 2016
Новиот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес мора да се ангажира и на листата на приоритети да го стави укинувањето на даночните раеви, пишува еден експерт за човекови права од ОН.
Со тоа ќе се гарантира дека компаниите и милијардерите ќе плаќаат даноци, наведува експертот Алфред де Зајас.
Тој повика на 1 јануари 2017 година да се свика меѓународна конференција за укинување на даночните раеви.
Зајас вели дека ОН не треба да толерира корупција, „перење пари“ и олеснувања кои влијаат на плаќањето даноци.