Oна што го работите од 5 до 9 ќе ве направи поуспешни од оние кои работат од 9 до 5
Објавено во: Финансии 15 Септември, 2017
На вашата успешност не влијае само она што го правите во канцеларија, туку и она што го работите во слободно време.
Ако работната етика ви се вклучи во 9 и се исклучи во 17 или 5 часот попладне, тогаш вие сте само уште еден работник во компанијата.
Добар тим го сочинуваат луѓе кои сакаат да бидат лидери, а не само обични вработени.
Рон Гибори, претприемач и креативен директор на компанијата „Idea Booth“ вели дека му биле потребни 10 години во менаџирањето за да се увери дека вистинската креативност и енергија се појавува пред лидерот да се појави во канцеларија.
Тој советува и по завршување на работното време да се поврзувате со колеги, со компании, да посетувате конференции. Додава дека можности се создаваат со запознавање на луѓе.