25 Април, 2024
0.0276

Она што за нас е неприфатливо, за нив е нормално: Кристина открива зошто Данците се најсреќен народ

Објавено во: Стил 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

За некои животот на Данците ќе изгледа далечен и неприфатлив. Сепак, според истражување на експертите од Универзитетот Колумбија, Данците се најсреќен народ на светот.

Тие, според извештајот за среќа кој го направиле експерти од њујоршкиот универзитет, се најсреќен народ, иако зимата им трае подолго од останатите три годишни времиња заедно и мрак во поголем дел од годината паѓа уште во 16 часот.

Данска има 5,4 милиони жители, се наоѓа на северот на Европа, БДП по глава на жител изнесува речиси 44 000 евра, што е втор најголем БДП во ЕУ. Статистика покажува дека со својата заработка живеат 25 посто подобро од просечен жител на ЕУ. За социјална заштита издвојуваат дури 35 посто од БДП. Вработени се околу 76 посто од населението во период од 20 до 65 години, а невработеноста во кризата дотигнала загрижувачки 7,5 посто.


„Јутарњи весник“ ја пренесува приказната на Загрепчанката Кристина Волспергер Даниловски која со семејството во почетокот на 2009 година се преселила во Копенхаген. Тогаш била свесна дека заминува во просто поинаква држава. Нејзиниот сопруг со работата е врзан со Копенхаген па размислувале за можно преселување. Кон крајот на 2007 родила син, а уште во текот на породилното почнале да планираат живот во Копенхаген. Кога и таа, денес 40-годишна магистерка по хемија, добила работа во фармацевтската индустрија во Копенхаген, се одлучиле на преселување.

„Сакав да живеам надвор и да пробам нешто друго и не зажалив“, раскажува Кристина.

Прв шок-упис во градинка-Рецепт за успех

Првата средба со целосно поинаков концепт на животот и била поврзана за уписот на детето во градинка. Архитектурата во Копенхаген е прекрасна и очекувала весели, шарени, топли градинки и заинтересирани, посветени воспитувачки. Меѓутоа, детето го запишала во зграда налик на барака, со сиви ѕидови и подови, без боја, играчки и цртежи, а ги чувале воспитувачки кои едвај се занимавале со деца.

Данците веруваат дека децата од рани нозе треба да се одгледуваат да бидат индивидуалци, дека треба да се грижат сами за себе и да се анимираат сами. Данските мајки не трчаат по децата и не викаат „немој, немој, пази ќе паднеш“. Тие веруваат дека мора да падне и така да се научи. Во првите градинки на мојот син, кој едвај имаше две години, сметаа дека е во ред да излегува без капа на снег и дожд и да премрзне и настине бидејќи следниот пат сигурно нема да ја заборави капата-вели Кристина.

„На нашиот менталитет тоа му е тешко да го прифати, но Кристина предупредува: Данците израснуваат во среќни, здрави и одговорни луѓе.Нивниот пристап е само поинаков.

„Нема тука оцени што е подобро или полошо-тоа е просто различно. Дали е подобро често да скокаме околу децата како што правиме ние? Дали е подобро што нашите градинки мора да бидат розеви или плави и полни цвеќе? Дали тоа е објективно подобро? Дали нашиот менталитет во кој се дава последниот денар за децата е подобар? Дали е подобро родителите да немаат ништо, а децата да носат брендирана облека и да слават скапи родендени? Не знам! Тоа , да речеме, во Данска го нема. Облека се купува само кога се мора, и тоа евтина, играчките се ретки, како и слатките. Веројатно е најдобар пат некаде во средина-вели Волспергер Даниловски.

Неприкосновена жолта картичка

За да постоиш во Данска, да имаш име, адреса, автомобил, да можеш да уплатиш лото, платиш струја, позајмиш струја во библиотека или да запишеш фитнес клуб-мора да имаш жолта картичка. Мала пластична жолта картичка со десетцифрен број CPR. Тој број е како големиот брат-знае се, баш се за тебе и ја следи секоја, и најмалата промена: таа картичка „знае“ каде живееш, дали си оженет и со кој, колку деца имаш, во која градинка или школа одат, каде работиш, колкава ти е платата, колку сметки имаш и во кој банки, што поседуваш во Данска, а што во странство, кој ти е доктор, имаш ли месечна карта за метро..


И тоа е единствен документ кој Данците го имаат, и пасош, и здравствена. И со неа извршуваш се. Нема документи кои ти требаат за да направиш нешто-нема венчани, ни извод на родени, ни чекање на нив, „не постари од шест месеци“. Доволна ти е таа жолта картичка. Данската бирократија функционира беспрекорно. Ги водушеви тоа во прв момент странците од југ, излудени со беспрекорни чекања на безбројни шалтери и плаќања на пусти надоместоци. Меѓутоа, токму таа беспрекорност не трпи исклучоци. Ако задоцниш со уплатата час време, ако рокот завршува во недела, а ти платиш во понеделник во рани зори-жолтата картица тоа го знае. И ќе платиш казна. Иако тој саат време не игра никаква улога. Бидејќи правилата се правила.

Колку и како и да работат Данците, данок на работа после работно време

Данците се богат и работлив народ, но со мера. Со нагласок на мера. Добро е да работите и да не забушавате, но во работно време. Добро е да заработувате многу, но да го покажувате богатството е непристојно. Сметаат дека се доволно оптеретени со 38-часовно работно време (паузата не им се плаќа) па шест недели годишно (кои ги користат кога и како сакаат и шефот не мора да ги одобри-само прими на знаење) не нудат утеха. Се работи во работно време, најчесто од 8 до 16 . И ни секунда подолго. Никогаш. Работниот лаптоп останува на работа-ако го носиш дома и работиш, плаќаш посебен данок.

Како и на прекувремената работа и на користење службен мобилен надвор од работно време. Работната хиерархија е прилично апстрактна и сите мораат да се чуствуваат еднакви. Кодекс за облекување нема. Нема неплатени прекувремени часови. Во петок наутро не се работи, колективно се доручкува. Кристина за три години шефот ја побарал само еднаш надвор од работно време: да ја потсети дека во петок таа организира доручек.

Странците воглавно им се чудат на овие работни навики на еден од најбогатите народи. Данскиот работник е многу лесно да се отпушти, бидејќи нема отпремнина. Но многу лесно е и да се најде работа-700 000 Данци годишно ја менуваат работата.

Се живее до 18 часот

Ние, навикнати, секоја услуга да можеме да ја добиеме и во 22 часот, изгледа во Данска се работи како одделение за издавање потврди за невработеност-и фризери, и педикир, и продавници, и библиотеки-се се затвора околу 18 часот. Ако чекате во продавница и саат време за да платите што сте купиле, кога истече работното време-мора да ја напуштите продавницата и да се вратите утре. Излегување по 18 часот е малку непристојно. Данците во 18 часот имаат заеднички оброк-ручек или вечера, а во 19 часот данските деца веќе спијат. Таков е редот. 

Храна се купува во петок


Данците се многу штедлив народ, и штедат на се. Храната се купува во петок, бидејќи во сабота доаѓаат нови пратки вода, овошје и месо па во петок старата пратка се продава по акциски цени. Бидејќи преферираат сирова храна, добиваат се што им треба. Данците ретко готват, но оброк надвор од дома го сметаат за расипништво и луксуз. Ненаменски кредит, кој кај нас масовно се земаат кога трошиме преку мера, во Данска се ретки. Данците концептот на минус не го разбираат воопшто.

Старите во Данска

Додека детски колички има на секој чекор бидејќи Данците сакаат деца и имаат во просек 1,8 деца, да се види гола глава во Копенхаген е реткост. Бидејќи старите во Копенхаген не живеат. Нордискиот тим на семејство не познава баба и дедо сервис, а децата го напуштаат домот штом тоа ќе им го дозволи законот - на 18 години. Во возрасен период, данските пензионери најчесто го продаваат својот стан-не им го оставаат на децата бидејќи данокот ќе им изеде три четвртини од вредноста на станот-и со тие пари, што е убав избор бидејќи Копенхаген е скап, заминуваат на некое поевтино место за живот. Најчесто во Франција или Шпанија, или данска провинција. Државните пензии се многу ниски со оглед на тамошните цени и сите се еднакви.

Без разлика на тоа каде работите, основната пензија е иста за сите. Нешто поголеми се на оние кои фирмите им уплаќале и втор солб, но ретки се пензионерите кои во Копенхаген можат убаво да живеат од пензија. Меѓутоа, тие пари во Шпанија вредат многу повеќе и гарантираат пристоен живот.

Повеќе за животот на Данците може да прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти