Опасно истражување кое предизвикува зомби напади
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2017
Американски истражувачи успешно ја тестирале теоријата дека агресивно и предаторско однесување може да биде активирано, но не на луѓе туку врз глувци. Сепак, од експериментот вели дека сличен принцип на активирање на делот од мозокот кој е задолжен за опстанок и лов на храна може да реагира и кај луѓето.
Научниците преку генетска мутација со вирус таргетирале два одвоени сета на неврони во мозокот на глувчињата од амигдалата, регион во мозокот каде се контролира стравот и задоволството. Реакцијата биле обезбедена со ласерска светлина и во тие моменти глувчињата станувале агресивни спремни за лов.
Научниците од експериментот велат дека агресијата не се пренасочила кој луѓе или останатите глувчиња туку само кон помали објекти без оглед дали биле подвижни или не со цел да ги уловат или пригушат.
Секако, најстрашните ефекти од ваков експеримент извршен врз луѓе може да има зомби ефект, односно како во хорор филмовите со превисока агресија и потреба на лов на храна следејќи ги основните инститки за преживување, но всушност целта на експериментот е подобро да се разбере еволуцијата на човечкиот мозок.