ОПАСНОСТ ЗА ЛУЃЕТО: Црвен метеоаларм во една балканска земја
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2018
Црвен метеоаларм e издаден во Хрватска.
Ова важи за денеска и утре за Кварнер и Велебитскиот канал, каде ќе има силен североисточен ветер со брзина до 150 километри на час.
„Времето е многу опасно и подразбира големо ниво на опасност за здравјето, па дури и по животот, посебно за крајбрежното население“ - стои во предупредувањето.
Присутен е и значителен ризик од штета на крајбрежната инфраструктура.
За подрачјето на Лика, Горски Котор и централна Хрватска за утре е издаден портокалов метеоаларм поради големите количества снег кои ќе паднат на тоа подрачје, каде се очекува 10 до 40 сантимери нов снег.
Невреме со снег, кое предизвикува проблеми во сообраќајот има и во Босна и Херцеговина, а во некои општини во Република Српска е прогласена вонредна ситуација.