Добивај вести на Viber
Германскиот произведувач на автомобили Опел денеска најави дека ќе го пренесе производството на ванот со 7 седишта„Zafira Tourer“ во Роселхајм по затворањето на фабриката во Бохум, пренесе Франс прес.
„Оваа одлука ќе ја зајакне фабриката во Роселхајм, близу Франкфурт и ќе ја подобри употребата на производствените капацитети“, истакнуваат во соопштението од Опел.
Притоа овде ќе се произведуваат исклучително “Zafira“ и каросеријата на “Insignia“ во сите верзии.
Поради недостаток на договор со работниците во Бохум, Опел објави на крајот на март дека има намера да престане со производството на автомобили во овој град на крајот на 2014 година, а не до крајот на 2016 година, како што планираше пред тоа.
Компанијата соопшти дека ќе ја затвори и логистиката за автомобилите во градот и ќе се повлече целосно од објектот во кој работат околу 3 700 луѓе.