ОПШТИНА ДЕБАР КУПИЛА ЏИП ОД 50 000 ЕВРА: За градоначалникот тоа е најповолна понуда
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018
Општина Дебар купила џип вреден 50 000 евра како службено возило, и ќе го отплатува во следните пет години.
Според објавениот договор, дел од медиумите пишуваат дека општината го купила возилото „folksvagen tiguan“ со одложено плаќање по пат на финансиски лизинг и со учество од 20 отсто, на период од 60 месеци.
Градоначалникот Ружди Љата рекол дека возилото е неопходно за теренска работа, а дека старото службено возило веќе застарело и е неадекватно.
„Возилото е набавено по сите законски прописи и неопходно е за општината. Избрано е возило со најниска понудена цена. Ова возило јас нема да го користам, јас нема да го возам, но тоа е за потребите на општината. Знаете како е во Дебар“, рекол Љата.