26 Април, 2024
0.0307

Општина Илинден со Светска банка го реализира проектот „Енергетска ефикасност“

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2013

Добивај вести на Viber

По повод 5 Март, Светскиот ден на енергетската ефикасност во посета на општина Илинден престојуваше Малгожата Маркиевич Богов, директор на проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии и претставник на Светска банка во Република Македонија.

Маркиевич Богов се сретна со градоначалникот Жика Стојановски, ги посети ОУ „Гоце Делчев“ и општинската детска градинка „Гоце Делчев“, каде во соработка со Светска банка беше подобрена енергетската ефикасност преку инсталирање централен систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи, со користење обновливи алтернативни извори на енергија, при што заштедата изнесува повеќе од 60 проценти.

- Општина Илинден беше една од првите општини во Република Македонија што почна да ја применува енергетската ефикасност. Уште пред неколку години ваков систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи беше инсталиран во ОУ „Браќа Миладиновци“, информира општина Илинден.

За време на престојот во општина Илинден, гостите го посетија и Модуларното училиште кое исто така претставува високо енергетско-ефикасен објект, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, греење и ладење со алтернативни извори на енергија, со искористување на топлинската енергија од подземните води.

- Со имплементацијата на овие проекти се придонесува не само за заштеда на финансиски средства во буџетот на општината за затоплување на овие јавни објекти, туку и за подобрување на условите во образованието, а заштедените средства ќе бидат наменети за реализација на многу други инфраструктурни проекти, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет