29 Март, 2024
0.0255

Општините учат како да управуваат со финансите и внатрешната контрола

Објавено во: Финансии 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Четириесет локални самоуправи, меѓу кои и Градот Скопје во изминатите две години преку твининг проект работеa на зајакнување на финанското управување и на јавната внатрешна финансиска контрола.

„Со овој проект се врши децентрализацијата во одговорноста на управување. Ако претходно целокупното управување преку градоначалникот или секретарот на Градот Скопје, сега таа одговорност е преку овластување спуштено  на сектор, зашто сега со ова планирање секој сектор има свој финансиски буџет и своја одговорност. Се гледа што повеќе луѓе да бидат одговорни за оние делови во кои работат. На овој начин се придонесува на смалување на ризиците во финансикото управување во ЕЛС, рече Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски.

Според Јос Наут, проектниот менаџер, проблем е кога општините не можат да ги намират своите обврски и имаат блокирани сметки и порачува добро планирање кое треба да биде поделено меѓу централната и локалната власт, односно одговорноста да биде и на централно и на локално ниво.

„Само добро планирање на буџет би имале една постабилна состојба“, рече Наут. Во проектот беа вклучени и 25 институции на централно ниво. „За Република Македонија останува приоритет развојот на систем за стабилно финансиско управување и контрола и независна внатрешна ревизија како дел од реформите во управувањето со јавните финансии. Република Македонија веќе докажа дека гради систем на јавна внатрешна финансиска контрола согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики на ЕУ, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Градењето на овој систем почна со донесување на Законот за внатрешна ревизија во јавниост сектор во 2004 година и Законот за јавна внатрешна финансиска контрола од 2007 година, а целта е зајакнувње на финансиската контрола и примена на принципите на децентрализрана одговорност на раководството како и независна внатрешна ревизија.

Проектот е финансики поддржан од ЕУ, а се спроведуваше преку Министерството за финансии и ЗЕЛС. Почна на 23 февруари 2011 година со буџет од 1,4 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка