ОРБАН МУ ЗАДАВА УДАР НА ПУТИН: Се ближи крајот на рускиот монопол
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2018
Унгарија планира да увезе преку четири милијарди кубни метри природен гас годишно од Романија, рекол Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер рекол дека спогодбата која Унгарија планира наскоро да ја потпише за увозот на природен гас од соседна Романија ќе значи дека „времето на рускиот гасен монопол во Унгарија се ближи до крајот“.
Орбан рекол дека Унгарија планира да увезе преку четири милијарди кубни метри природен гас годишно од Романија, со што земјата ќе ја стави во нова и поволна „геостратешка положба“.
Орбан кажал дека очекува до 2021-2022 увозот од Романија да претставува повеќе од половина од унгарскиот увоз на гас.
Рекол дека наскоро ќе потпише договор со кој ќе се обезбеди во наредните 15 години да увезуваат преку четири милијарди кубни метри гас од Романија.