29 Март, 2024
0.0238

Органското земјоделско производство, приоритет на семејните фарми

Објавено во: Агробизнис, Колумни 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Органското земјоделско производство, приоритет на семејните фарми

Промените на животната средина на човекот, предизвикани од се позабрзаното уништување на ресурсите, климатските промени кои водат се почесто до компромитирање на реколтата во дваесет и првиот век преминуваат во егзистенционални проблеми на глобализираниот свет. Одговорот на науката за решавање на тие проблеми е да се интегрира во повеќе политики насочени кон поекологизирано (органско) производство. Органското производство станува норма. Тоа е познато како технолошко решение со штедливо однесување кон животната средина. Општеството во најширок смисол е готово да подржи такво земјоделско производство – ООН ја прогласи 2014 година за меѓународна година на семејното земјоделство.

Органското производство – Светски и Европски приоритет

 Главен приоритет, на Организацијата за храна (ФАО) на Обединетите нации во 2014 година беше изразување на подршка на малите семејни фарми а тоа е меѓународна своевидна симболика. Европската земјоделска политика и давањето приоритет на земјоделството во ЕУ за период 2014 – 2020 година се одговор на зголемувањето на чувствителноста на животната средина во стариот континент. Политиката на ЕУ за споредување на процесите на стопанските активности на производителите со штедењето на природните ресурси е приоритет на теоријата за одржливо производство и потрошувачка.

Иницијативата на ООН – „2014 – Меѓународна година на семејните земјоделски стопанства“,  создаде можности за реализирање на потенцијалите на ситните приозводители и на семејните стопанства. Голем број истражувачи ги фокусираат истражувањата врз откривањето на значењето на малите земјоделски стопанства и семејните фарми за давање на еколошки – системни услуги на општеството, за нивното место во прехранбениот ланец, за штедење на природните ресурси во приватна сопственост – кон земјата како незаменлив фактор за земјоделско производство. Тоа дава право да го определиме органското производство како парадигма на семејното земјоделство. Земјоделството се вика „примарна активност на националната економија“, заедно со заштита на природниот ресурс ја дефинира темата за органско производство на приоритетно место. Органското производство е начин на ограничување на процесите за исцрпувањето (истоштувањето) на ресурси, причинета од стопанската активност на човекот. Истоштувањето на ресурсите за производство е ограничувачки фактор за економски раст и е спротивно на филозофијата на дваесет и први век за одржлив развој: Заедничката земјоделска политика 2014 – 2020, штедењето на ресурсите и примена на нештетни технологии во производството претставува императив во ЕУ.

Воведени се таканаречени „зелени плаќања“

Една третина од финансиските средства предвидени за подршка на земјоделството по линијата на првиот столб на ОСП (Заедничката Аграрна Политика) се користи за плаќање за органско производство. За ограничување на непожелните процеси врз агроекосистемите, штедењето на животната средина од производителите се сврстува во Мерка I – органско производство. Во земјоделството, биолошкото кружење на материјата, користењето живи организми во производниот процес и резултатите од стопанската дејност на производителите се во двострана корелација. Тоа е дејност во која економските и биолошките закони се взаемно зависни и силно обусловени. Со помош на органското производство во секторот земјоделство, дејноста економски (стопански) активниот човек се вклучува во природната организираност на биосферата.

Испитувањата (анкетите) на производителите во земји на ЕУ,  покажуваат дека примената на заедничката аграрна политика 2014 – 2020 ќе биде поуспешна и ќе даде придонес до намалување на некои диспропорции и структурни промени во земјоделството во споредба со примената на Заедничката аграрна политика 2007 – 2014.

На прашањето на анкетираните земјоделци мислите ли и натаму да се занимавате со земјоделство? Секој петти изјавил дека има намера да го прошири производството. Скоро 45% ќе го зачуваат досегашното ниво и обем на производството. Значи седум од десет производители представници на ситните (по површина) земјоделци ќе прдолжат да се занимаваат со одржливо производство. Тие резултати се показатели за одржливоста на ситно семејно земјоделство, кое е основен фактор за подршка на селските реони, за остварување на органско производство кое ја чува (штеди) животната средина и природните ресурси, а е благопријатно за чување на екосистемите и ограничување на загубите на биолошката разновидност и други екосистемни услуги од општествен интерес. Поради значењето, малите семејни стопанства и биолошкото (органско) производство се во фокусот на финансиската подршка на Заедничката аграрна политика на ЕУ 2014 – 2020. Согласувањето на подршката за најмалите стопански единици во земјоделството и за најтрудоинтензивното производство каде спаѓа органското производство е пример за преоткривање на цености кои добија шанса за ренесанса. Во потрагата по нови економски решенија и појава на се посериозни опасности од неповратно нарушување на животната средина се проблеми од глобален карактер. Светската и европската јавност бара и открива решенија во органското производство и во производите од тоа производство. Тоа е добар бизнис модел и пример како политиката и пазарното стимулирање водат до одржливи методи за производство,  до „зелен раст“ и економски пораст преку создавање на додадена вредност.

Проф. Др.Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи