29 Март, 2024
0.0272

Оризопроизводителите од Кочанско задоволни од владините мерки за субвенционирање

Објавено во: Агробизнис 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Поддршката и решенијата што Владата на Република Македонија ги даде на оризопроизводителите ја потврдија солидарноста и определбата на Владата кон земјоделците од регионот.

- Најодговорно тврдиме дека оваа поддршка е најголемата која Владата ја издвоила за оризопроизводителите,истакна на денешната прес-конференција Ставре Јанев,претседател на Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на Македонија.

Последната одлука на Владата за субвенционирање по откупен или преработен килограм оризова арпа, како и со дополнителната субвенција за произведени количини на ориз на сопствени површини, посочи тој, се доказ дека и министерот Љупчо Димовски и ресорното Министерство заедно со Синдикатот и Кластерот за ориз, направија многу за оризороизводителите.

Јанев го истакна и учеството на земјоделски претставници од сите сектори во расправата при донесување на Програмата за земјоделство и рурален развој за перидот 2013-2017 година како и редовното учество на седуммина престатвници од кочанскиот регион во работата на подсекторската групација за житни култури и ориз при ресорното Министерство.

Тој остро реагираше на најавениот протест на група земјоделци оризопроизводители за утре пред зградата на Општина Кочани, информирајќи притоа дека Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители в петок ќе одржи средба токму на тема ориз, производство, откуп и пласман со министерот Димовски во Кочани.

На прес - конференцијата Јанев најави можен протест во текот на нареднта недела кој ќе биде насочен кон откупните и преработувачки претпријатија заради непочитување на договорените обрски околу откупот,преработката и пласманот на арпата и белиот ориз.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи