ОСКАРОВСКИ ПЛАГИЈАТ: Номиниран филм за ОСКАР со препишано сценарио
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2018
Дали зад филмот „The Shape of Water“, во режија на Гиљермо Дел Торо се крие приказната на Пол Зендел од 1969 година?
Тоа би значело дека овој филм, кој е номиниран во дури 13 категории( една од нив е за најдобар филм) е всушност плагијат.
Поднесена е тужба до режисерот, продуцентот Даниел Крус и филмското студио Фокс, за копирање на приказната на Пол Зендел. Тужбата е поднесена од страна на синот на Пол Зендел, Давид кој навел 60 сличности помеѓу филмот и претставата на својот татко “Let Me Hear You Whisper.”